20 години дипломатски односи САД-Македонија

Волерс: Нашето партнерство ќе потрае уште многу, многу години

Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал како силна динамична и просперитетна демократија целосно интегрирана во евроатлантската заедница, изјави вечерва Пол Волерс, амбасадорот на САД во Македонија.

Вечерва во американската амбасада во Скопје се одржа свечен прием по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Република Македонија.

На приемот присуствуваа претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски, министри во Владата, актуелни и поранешни пратеници, претставници на политичките партии, на интелектуалната и бизнис елита, на судството, на верските заедници...

Волеср во своето обраќање потсети на скромните почетоци во 1993-та година и низата постигнувања и активности реализирани во билатералните  односи во изминатите две децении, кои симболично беа прикажани низ избор од 20 фотографии.

„Во изминатите 20 години САД донираа повеќе од една милијарда американски долари како помош за Македонија. Ние гледаме на иднината како партнери и замислуваме каде сакаме да бидеме и што може да постигнеме заедно. Нашето партнерство денес е динамично, енергично и свртено кон иднината и јас немам никаква дилема дека тоа ќе потрае уште многу, многу години. Исто како што сме биле заедно во минатото и како што сме заедно денес, така ќе останеме заедно и во иднината“, порача американскиот амбасадор.

Првиот шеф на мисијата на САД беше амбасадорот Виктор Комрас кој формално почна со работа во април 1994 година. Формални дипломатски односи беа воспоставени во 1995 година кога Канцеларијата за врски стана амбасада, а прв амбасадор беше Кристофер Хил. Во 2004-та САД официјално ја признаа РМ под уставното име. Амбасадата на САД во новите простории на улица „Самоилова“ се пресели во 2009 година за време на мандатот на амбасадорот Филип Рикер.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе