Директорот со апел да не се шират лажни вести и да не прави паника

Во затворот во Идризово нема осуденик заболен од коронавирус, мерките за превенција се на највисоко ниво, вели Мојсовски

Во најголемиот затвор во државава, затворот во Идризово нема случај на заболен со коронавирус и состојбата е под контрола. Директорот на затворот, Боби Мојсовски тврди дека мерките за заштита од Ковид 19 се на високо ниво, осудениците не се пуштаат на викенд, ниту е дозволено да имаат посети, а на секој нов осуденик кој ќе дојде на издржување на затвороска казна му се мери температура и се сместува во изолација во приемното одделение во затворот.

Мојсовски порачува да не се објавуваат непроверени информации во врска со оваа состојба која за сите е многу сериозна и да не се шири паника меѓу населението, бидејќи во моментот околу 1.200 осуденици се зад затворските решетки и секој од нив има семејство кое е загрижено и ќе биде во паника доколку прочита ваква вест дека наводно во затворите има коронавирус.

"Најодговорно тврдам дека нема коронавирус во затворот во Идризово. На секој кој ќе влезе во затворот, дали е вработен или осуденик кој треба да издржува затворска казна му се мери температура, а новите осудени лица се сместуваат во изолација превентивно бидејќи не знаеме со кого имале контакт надвор од затворот. За оние кои веќе издржуваат затворска казна не се дозволени посети, ниту викенди додека траат мерките донесени од Владата. Затворските чувари влегуваат со заштитни маски и ракавици и се на растојание од осудените лица. Внимаваме апсолутно на се , а зголемен е и бројот на лекари во затворската установи и се внимава и на хигиената во затворот", вели Мојсовски.

Првиот човек на овој затвор додава дека ако има случај на коронавирус во затворот тогаш сите би биле во изолација, а во најголемиот затвор во државава се тече нормално, само со зголемена претпазливост и со комплетно почитување на мерките на Владата.

На минимум се сведени и спроводите на осудените лица до судовите и до болница. 

„Речиси и да немаме спроводи, но доколку има нешто итно и неодложно тоа се прави со комплетна претпазливост и почитување на мерките. Се врши дезинфекција на возилото, а затворската полиција и осудениците кои се носат до суд се со заштитни маски и ракавици. Во болница се носат само итните случаи“, додава Мојсовски. 

 К.Д.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе