Прес-конференција на СДСМ

Во време на криза ги качивме платите на наставниците, вели Николова

„И во време на светска економска и енергетска криза Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за животниот стандард на сите граѓани. Од овој месец, платата на околу 32.500 вработени во основното и средното образование ќе добијат плата повисока за 15 отсто.Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен. Од тие 32.500 лица, околу 25.000 се наставници", рече на прес-конференција во СДСМ пратеничката Даниела Николова.

„Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто. Со последното зголемување, за само пет години платите во овој сектор се зголемуваат за 36 отсто, односно за една третина повеќе во однос на 2017 година.

Покрај во човечкиот фактор, сериозно вложуваме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани и изградени над 80 основни и средни училишта.

Тоа е вистинска грижа учениците, за наставниците и за образовниот систем. СДСМ продолжува да инвестира во образовниот систем, продолжуваме да се грижиме за животниот стандард на сите граѓани“, рече пратеничката Николова.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе