Во Владата не знаат дали други министри ќе одат во самоизолација по позитивниот тест на Спасовски

Владата сѐ уште нема информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на ковид-19, добиле решение за домашна изолација, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19, дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и оти е веќе во домашна изолација.  

По објавата на министерот Спасовски дека е позитивен на ковид-19,  се тестираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, кои преку фејсбук информираа дека нивните тестови за ковид-19 се негативни.  

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе