Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,е може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.

Ссо оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ. 

Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалние каси на домашните од странски производи и услуги.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе