Во Тетово во втор круг влегоа кандидатите на Беса и ДУИ

Беса синоќа со зурли и тапани го прослави влегувањето во вториот круг на нивниот кандидат и претседател на партијата Билал Касами во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Тетово. Во вториот круг влезе и Теута Арифи, актуечна градоначалничка од ДУИ, а на трето место заврши Вулнет Мурсели, кандидатот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Приврзаниците и симпатизери на движењето Беса синоќа излегоа на градскиот плоштад во Тетово и го прославија влегувањето на лидерот Билал Касами во вториот круг за избор на градоначалник на Тетово.

„Тетово за првпат ќе има градоначалник кој ќе се грижи за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или друга определба. Очекуваме во вториот круг од гласањето сите граѓани да застанат позади мене, зошто им ветувам дека за четири години Тетово ќе биде град во кој ќе бидеме горди што живееме, град во кој еднаш за секогаш ќе ги затвориме темите како што е водата, како што е чистотата, како што се кучињата скитници. За четири години, кој ќе сака да се кандидира за градоначалник на Тетово ќе зборува за култура, за образование, за наука, спорт, за живот на младите, ќе зборува за иднината, а не за минатиот век на што, за жал, не принуди да зборуваме актуелната градоначалничка. Според нашите информации ние водиме на гласањето, многу е тесно водството, но сепак водиме“, рече Касами.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе