Кривичен суд

Во судскиот процес за настаните од 27 април како сведоци ќе треба да се појават Заев, Груевски, Спасовски, Грујевски...

Поранешниот премиер, Никола Груевски, двајцата поранешни началници во петтата управа Горан Грујовски и Никола Бошковски избегани во Грција, поранешниот директор во УБК Владимир Атанасовски, екс началник во УБК Љубо Петович, Благоја Василевски од обезбедувањето на Груевски се дел од луѓето кои ќе се појават на судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Ова едел од листата на сведоци поднесена од Александар Василевски-Нинџа, еден од обвинетите во овој процес.

Грујовски и Бошковски се пребегани во Грција, тие бараат азил таму, а Македонија бара нивна екстрадиција, па нивното сведочење ќе биде можно само преку конференциска видео врска.

Меѓу сведоците е и братот на Нинџа кој, според обвинението го примил телефонскиот повик во Виена каде на 27 април беше службено како телохранител на Груевски.

На листата сведоци на обвинителството се Зоран Заев, Олоивер Спасовски, Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Павле Богоевски, Илија Николовски...

Денеска пак сите 33 обвинети се изјаснија дека се невини за делото кое им се става на товар - терористичко загрозување на уставниот поредок.

Судот ќе одлучи кој сѐ ќе може да сведочи како предлог на одбраната. Први ќе сведочат сведоците на обвинителството.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе