Во Солун Заев се сретна со Јанис Бутарис

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Солун, на маргините на самитот се сретна со поранешниот солунски градоначалник, Јанис Бутарис. 

„Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Грција.

Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун, Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји.

Се согласивме дека секоја бизнис инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји”, напиша Заев на Фејсбук.

Во Солун Заев ќе има билатерална средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а тие двајцата ќе имаат заедничко обраќање и со бугарскиот премиер Бојко Борисов. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе