Во Софија се одржува меѓувладината конференција која ја раководат Османи и Генчовска

Денеска во Софија се одржува вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, со која копретседаваат министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. По завршување на состанокот, се очекува потпишување на Протоколот како записник од состанокот на Заедничката меѓувладина комисија, а претходно, се очекува да биде направен преглед на досегашните активности за унапредување на билатералните односи, работата на работните групи, како и проекција на идните активности меѓу двете земји.

Како што соопшти македонското МНР, покрај министерот Османи, како дел од Владината делегација на состанокот присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Заедничката меѓувладина комисија е дел од обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете држави во 2017 година, велат од МНР.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе