Во Собранието закажани се продолженија на четири седници

Во Собранието за денеска се закажани продолженија на четири седници и тоа 29, 30, 34 и 36. седница. Во 12 часот е закажано продолжението на 29. седница на чиј дневен ред се останати уште пет предлог законски решенија.

Меѓу предлог-законите е и предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка, поднесен од Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.

Во 12 и 10 часот е закажано продолжение на 30. седница, на чиј дневен ред се останати уште три предлог законски решенија, меѓу кои предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка.

По 30. седница, закажана е 34-тата, на која една од точките е предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, и пет предлог-законски решенија во прво читање. На седницата е и Информацијата за нацрт Концепција за основно образование поднесена од група пратеници. По 34. седница, закажано е продолжение и на 36-тата.

За денеска се закажани и седници на собрниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе