Во Собранието се одложени сите активности поради несреќата во Бугарија

Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието, како и сите планирани средби.

Собраниската прес-служба информира само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница, а Извештајот на Европската комисија за 2021 година е единствена точка на дневен ред на седницата.

Од собраниската прес-служба додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава, бидејќи веќе се дојдени амбасадорите, но ќе бидат многу редуцирани за збор. Се очекува седницата да трае кратко.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците за трагично загинатите лица во автобуската несреќа што се случи во Бугарија, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакува брзо заздравување на физичката и на душевната болка.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе