Без учество на опозицијата

Во Собранието помина одлуката за кризна состојба до 30 јуни и предлог-законот за попис во прво читање

Со 61 гласа „за“, без „против“ и без воздржани Собранието во рамки на 25-та. седница денеска ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година, без присуство на пратениците од опозицијата.

Со одлуката се овозможува продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20 ноември за што одлука донесе Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Владата на седницата на 1 декември  го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Пратениците, исто така без опозицијата, со 61 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ и без воздржани констатираа дека Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање е прифатлив и може да се проследи на натамошно читање

Пратениците со 61 глас „за“, без „против“ и без воздржани изгласаа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски да станат членови на Советот на јавни обвинители, а со 61 глас „за“, без „против“ и без воздржани ја избраа Павлина Црвенковска за член на Судски Совет.

Собранието ги донесе Законот за општа безбедност на производите, Законот за фитофармација, како и измените на Законот за домување и измените и дополнувањата на Законот за железнички систем.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе