Во Собранието денеска пратенички прашања, апел на премиерот до пратениците

Во Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Синоќа премиерот Димитар Ковачевски за денешната седница за пратенички прашања рече дека не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на вонредната конференција за медиуми на која ги соопшти последните одлуки за надминување на енергетската криза, апелираше до пратениците да ги изгласаат законот за финансиски средства од ЕБРД за справување со енергетската криза, да ги поддржат измените на Законот за енергетика и на Законот за нафта и нафтени деривати, како и да го усвојат Барањето за продолжување на кризната состојба.
Ковачевски за денешната седница за пратенички прашања рече дека не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа.
„Утре имаме седница за пратенички прашања во Собранието на државата. Сакам да им укажам на Собранието и на пратниците од сите политички партии да се одважиме заедно и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните и пред започнувањето на седницата да се изгласаат законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД, пари одобрени од ЕБРД за справување со енергетска криза на РСМ по исклучително поволна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризната состојба. Ова не е време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа. Ова е само прв сет на одлуки на Економско-енергетскиот совет“, истакна премиерот.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе