Предвремени локални избори

Во Штип почна гласањето за градоначалник, денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во изолација

Со гласањето на болните од ковид-19 и лицата во изолација во Штип почна изборниот процес за избор на нов градоначалник на општината, кој ќе има мандат од девет месеци, до новите редовни локални избори во 2021 година. Правото на глас од утринава го остваруваат 12 болни од ковид-19 и лица кои се изолирани поради контакт со некој од заразените.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева вели дека се ангажирани два медицински избирачки одбори, кои со скафандери и заштитна опрема ќе ги посетат граѓаните кои се позитивни на коронавирусот и кои сакаат да го остварат правото на глас. Слабиот интерес за гласање на болните од коронавирусот и на изолираните лица  се должи и на тоа што голем дел од нив деновиве добиле негативен тест или им завршува рокот на изолација.

Утре, сабота, гласаат болните и немоќните и осудените лица, а избирачките одбори во домовите ќе посетат вкупно 66 болни и немоќни лица, а за петте казнено-поправни институции во земјава формирани се исто толку избирачки одбори, кои треба да овозможат гласање на 67 осуденици од Штип.

На изборниот ден в недела гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот, а право на глас имаат 39.605 гласачи запишани во Избирачкиот список за гласање во Општина Штип. Во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се в затвор или во притвор запишани се 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи.

Вкупниот број на гласачи е 41.777. Државната изборна комисија поради здравствените протоколи премести и пет избирачки места на локации, со што гласачите и членовите на избирачките одбори ќе бидат заштитени од заразата на коронавирусот. Обезбедена е заштитна опрема и средства за дезинфекција. Граѓаните на Штип своето право на глас можат да го дадат за еден од петмината кандидати за градоначалник.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе