Локални избори

Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 16 градоначалнички места, а СДСМ - 9

Во 67 општини Државната изборна комисија го заврши пребројувањето на гласовите, а податоците се обработени во 11 општини и според досегашните резултати, ВМРО-ДПМНЕ освои 16 градоначалнички места, а СДСМ девет.

Броењето на гласовите е завршено во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница, Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола, Тетово и Куманово.

Во Тетово во водство е Теута Арифи од ДУИ со 11.138 гласови пред  Билал Касами од БЕСА со освоени 10.496 гласови, а во Куманово каде што сите прогласуваа победа многу е тесна разликата меѓу Максим Димитриевски кој освои 15.151 глас и Оливер Илиевски од СДСМ со 15.098 гласови. И во двете општини, според податоците на ДИК, ќе има втор круг.

Првичните податоци објавени на страницата на ДИК покажуваат дека во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 16 градоначалнички места, СДСМ девет, ДУИ три, а едно место освои ДПТМ.

Ова се избраните градоначалници во првиот круг:

Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за Градско-55,66% од гласовите.

Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите.

Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите.

Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите.

Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% од гласовите.

Александар Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите.

Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите.

Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите.

Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите.

Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28% од гласовите.

Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ за Неготино со 51,94% од гласовите.

Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци со 51,29% од гласовите.

Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84% од гласовите.

Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56% од гласовите.

Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03% од гласовите.

Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97% од гласовите

Анго Ангов од СДСМ за Дојран со освоени 53,21% од гласовите.

Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите.

Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите.

Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите.

Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите.

Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите.

Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83% од гласовите.

Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70% од гласовите.

Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите.

Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59% од гласовите.

Алија Јаоски од ДУИ за Пласница со 76,65% од гласовите.

Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97% од гласовите.

Аријан Ибраим од ДПТМ за Центар Жупа со 71,16% од гласовите.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе