Во преговорите со Бугарија не се преговара за македонскиот јазик, вели министерката Костадиновска-Стојчевска

Во дијалогот со Бугарија воопшто не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во вечерашното интервју за емисијата „24 анализа".

„Како професор по јазик ми пречи дискурсот којшто се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: „Се дури го имаме јазикот, ја имаме и државата".

Зборуваме за македонски јазик којшто е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас,“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа, меѓу другото во интервјуто, истакна и дека сите плати на културните работници се исплатени и сите договорни услуги.

„Колективниот договор на културата завршува и треба да се потпише нов, но платите во културата се солидно покачени. Платите се едни од посолидните не само поради колективниот договор кој ги уредува нивните права, туку и институциите кои имаат право да работат во недела. Како министерка за култура очекувам соработка од сите чинители во културата,“ изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека проектите кои биле приоритетни во минатото, ќе бидат и во нејзиниот мандат.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе