Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас, вели Заев

Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот сѐ уште се создаваат околностите за да се реализира тоа, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Во врска со изјавата на Коѕијас дека во игра се три предлози - Република Северна Македонија, Република Горна Мкаедонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.

„Да не избрзуваме со детали за тоа, сѐ уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања за тоа до каде е разговорот со Алексис Ципрас, но и за изјавата на шефот на Коѕијас дека е време да се каже едно големо „да“ или „не“ во процесот на преговорите. 

Тој не сакаше да коментира дали во игра се нови креативни решенија како што рече Артан Груби од ДУИ синоќа во интервју за Канал 5, споменувајќи  Република Крушевска Македонија, Република Современа Македонија и Република Европска Македонија.

„Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорени веднаш ќе бидат споделени. Чувствително е кај нас, чувствително е и во Грција“, рече Заев и додаде дека, сепак, за прашањето на крајот граѓаните ќе одлучуваат на референдум.

Тој денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“.

Фото: МИА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе