Во Полошко погребени загинатите полицајци (ФОТО)

 

На тетовските гробишта денеска беше погребен 32-годишниот Сашо Самоиловски, припадник на специјалните единици на МВР, кој вчера загина во акцијата за сузбивање на терористичката група во Диво Насеље во Куманово.

Сашо Самоиловски беше роден во Брвеница, живееше во Тетово и беше бранител во конфликтот од 2001 година. Татко е на две деца.

На погребот присуствуваа и министерката Гордана Јанкуловска и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Попладнево на гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски.

Кузмановски е татко на два малолетни сина, ученици во основното образование.

Во гостиварското село Зубовце беше погребен и 28-годишниот Ненад Серафимовски.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе