Во Париз во тек е работна вечера на Макрон и Меркел, тема на разговорите и датумот за преговори за Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел во Париз. Двајцата државници имаат работна вечера во пресрет на преговорите за Брегзит меѓу Европската унија и Велика Британија, а, според најавите отворена ќе биде и темата за датумот за преговори за Македонија и Албанија.

Извори во дипломатските кругови во Брисел деновиве оваа средба ја окарактеризираа како последна шанса на германската канцеларка за омекнување на ставот на официјален Париз и усогласување на ставовите за добивање на датум за почетокот на пристапните преговори за Македонија и Албанија со ЕУ.

Германската Влада смета дека Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала Европската Комисија.

Франција, пак, смета дека треба да има нова методологија за пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе