Прес - конференција на градоначалникот Касами

Во Општина Тетово вработени се 340 лица и 350 хонорарци, од кои многу не одат на работа

Преглед на договорите на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и многу кои што не оделе на работа, е една од работите за кои ќе се зафати новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

денешната прес-конференција на која што го претстави планот за работата во првите 100 дена од мандатот кој се состои од триесетината точки, Касами кажа дека во Општината биле вработени 340 лица, а над 350 имало со договор на дело.

„Мое решение е сите договори да се прекинат и службите прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се согласно закон. За сѐ што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината. Сите договори се до 31 декември. Во моментот додека не се прекинати договорите тие што одат на работа, одат. За тие што не одат веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината. Излегува дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело”, изјави Касами.

Меѓу другите точки, тој говореше и градскиот паркинг и рече дека се се испитува можноста тој да биде бесплатен. Исто така, кажа дека продолжува и анализирање на инфраструктурните проекти кои поради тоа се во застој.

Касами најави и отстранување на столбчињата со кои досега беше обележана велосипедска патека на булеварот „Илинден“, за што имало пресуда од судот. Тој истакна дека има пресуда од судот според која ќе сеостранат столбчињата со кои досега беше обележана велосипедска патека на булеварот „Илинден“.  

Тетовскиот градоначалник кажа и дека нема пари за предновогодишно украсување на градот и организирање на новогодишна прослава. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе