Со дополнителен увид

Во опожарениот автобус денеска најдено уште едно тело, на дете - 45 починати во несреќата

При дополнителен увид што денеска го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус на „Беса транс" на автопатот „Струма" е пронајдено уште едно тело, потврди портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева. Со ова, бројката на пронајдени тела во автобусот се искачи на 45. Заменик обвинителот на Бугарија Борислав Сарафов за Бугарската национална телевизија изјави дека станува збор за тело на дете.

„При дополнителен увид во автобусот кој изгоре на автопатот 'Струма“ е пронајдено уште едно тело. Станува збор за тело на дете“, изјавил Сарафов.

Инаку, портпаролката Милева вчера на прес-конференција изјави дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници ѝ раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица.

„Ние пронајдовме 44 тела, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков, вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 тела. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот“, истакна вчера Милева.

Од софиската Брза помош се децидни дека од местото на несреќата во софиската болница „Пирогов" биле пренесени седуммина повредени патници.

Инаку, во Скопје денеска пристигна тим од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, кои до властите на земјава официјално ќе достават барање за правна помош. Според најавите од Софија, нивни домаќин ќе биде државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Се очекува на бугарските истражители да им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и тие утре да се вратат во Бугарија, по што ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените 44 тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе