Според податоците на ДИК

Во Охрид втор круг за градоначалник - Советот прегрупиран, со влијание на две независни листи

Според целосно обработените податоци во Државната изборна комисија, во Охрид ќе има втор круг за избор  на градоначалник, а битката ќе ја бијат Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Костсадин Георгиески. Во Советот на Општината пак, 10 советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ - 8, ДУИ -2, а Левица и две независни листи ќе имаат по еден советник.

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК во 11 часот, во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков кој освои 14.380 гласови или 48,54 отсто од гласовите, додека актуелниот градоначалник од СДСМ Константин Георгиески освои 12.460 гласови - 42.05 отсто од гласовите.

Кандидатот на ТМРО Гоце Цветковски освои 1.376 гласови или, само 4,64 проценти од гласовите.

Мнозинство во Советот на општината ќе има групата на ВМРО-ДПМНЕ чија коалициска листа доби 10.693 гласови, односно гласот за неа го дале 36.09 отсто од избирачите, додека за листата на СДСМ се изјасниле 8.731 гласач, односно 29.47 отсто.

ДУИ е на трето место според бројот на освоени гласови за Советот на општината со 7.93 отсто од гласовите на избирачите, а потоа следува Група на избирачи-Димитар Велјаноски (Охрид пред се') со освени 1.979 гласови – 6,68 проценти. Потоа според резултатите следува Лвица со 5,49 проценти, па по нив Група на избирачи-Антонио Наумоски (Охрид има план Б) со 1.407 гласови, или 4,75 проценти. 

Како ќе изгледа новиот Совет на Охрид останува да се пресмета во ДИК, но според процентите се чини дека бројот на советници по листи ќе биде следен:

ВМРО ДПМНЕ - 10
СДСМ - 8
ДУИ - 2
Охрид пред се - 1
Левица - 1
Охрид има план Б - 1

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе