МИОА

Во новиот Закон за медиуми нема регулација за порталите

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугенстии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ Харлем Дизер.

„Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање“, истакна Манчевски.

Тој додаде дека Маккедонија како земја има сериозен проблем со т.н. фејк њуз или лажни вести.

„Ние сме извор на „фејк њуз“ на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на „фејк њуз“ и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да го дебатираме“, истакна министерот Манчевски.

МИА

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе