Министерство за образование и наука

Во МОН пекол на +35, „паѓаат“ вработените, се вика брза помош...

Работа на 35 Целзиусови степени, по неколку повици до Брза помош и речиси никакви шанси да се подобрат условите за работа. Вака изгледа состојбата во зградата на поранешна НИП Нова Македонија, во која се сместени министерства, државни институции, Државната изборна комисија... Најлоша е состојбата во Министерството за образование и наука, чии простории се сместени на 14-тиот кат.

„Ова не е хумано. Во канцелариите температурата достигнува до 35 степени. Неколку пати сме викале и Брза помош, бидејќи на некои од вработените им се слоши. Освен вработените, сега ќе почнат да откажуваат и компјутерите“, се жалат вработени во Министерството за образование и наука.

Засега, како што велат, нема изгледи да се подобрат условите, затоа што, како што им било кажано, поправката на централното ладење чинела околу 40 илјади евра.

„Ова не е ново, системот за греење и ладење одамна не работи, ама додека не беше толку жешко, некако и се издржуваше. Сега никако“, велат вработени.

Дополнителен хаос, според нив, настанал кога на подолните катови во зградата биле монтирани климатизери.

„Тие се спасија, нас никој не нѐ гледа, ниту пак, мисли нешто да преземе. На целата хаотична состојба во Министерството, ова е капак“, додаваат тие.

Од другите институции што се сместени во зградата, а имаат посебно ладење, само го потврдуваат хаосот во МОН, додавајќи – „тие се за жалење“.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе