Иновативност

Во МНР: Поминувањето забрането со „шифра за точак“

Како што може да се види од фотографијата, вработените во Министерството за надворешни работи повеќе не можат да минуваат низ овој премин кој води до службената архива. Тоа им е оневозможено на многу едноставен и „иновативен“ начин, со механизам за заклучување на велосипеди, во обичниот говор познат како „шифра за точак“. 

Вработените во зградата на МНР влегуваат преку задниот влез, од страната на Јавното обвинителство и при влез мора да се „отчукаат“ со службена картичка. Потоа ги очекува уште еден „електронски“ влез, каде од неодамна исто така мора да се „отчукаат“. Помеѓу двата „електронски“ влеза се наоѓа ова „метално - цевчесто капииче“. Сега цевките се обмотани со „шифра за точак“, зашто од одамна класичната брава е расипана. Вработените кои често пати во денот имаат потреба да влезат во архивата, сега мора ревносно да се „отчукуваат“ електронски на втората врата, колку и пати да прават влези - излези, а не туку - така да си поминуваат. 

Лесно беше наредбата која дошла од врвот на МНР за затворање на овој премин да се спроведе. „Шифрата“ е извадена од еден од велосипедите кои министерот за надворешни работи Бујар Османи ги набави, во пакет со по некој тротинет, со цел вработените да не му се возат многу - многу со службените автомобили, но и во духот на „зелената агенда“ на неговата ДУИ, за да не го загадуваат скопскиот воздух. Па, кога овие возила на две тркала повеќе фаќаат прашина во МНР, отколку што креваат прав по скопскиот асфалт, една „шифра за точак“ повеќе или помалку не е страшно. Но, мора да се признае, и „шифрата“ ја има зелената боја на ДУИ. 

По аферата која го стресе МНР со апсењето во Србија на заменик - амбасадорот при македонската Мисија во ОБСЕ во Виена и кога се прави и нова проверка на безбедносните сертификати на дипломатските службеници, и оваа најнова мерка покажува дека дисциплината се зајакнува.

 П.Џ.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе