И ова е можно!

Во Македонија веќе нема да има дивоградби, сѐ ќе се легализира, како никогаш досега едногласни беа пратениците

Пратениците и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и на Алијансата за Албанците и на ГРОM... го изгласаа законот за легализација за сите дивоградби во Македонија. Со 72 гласа „за“, 3 воздржани и 5 „против“ во Собранието денеска беше донесен Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка. Пратеничката група на ДОМ беше против овој закон. Пратеничката од оваа партија, Маја Морачанин, рече дека со продолжување на овие рокови се праќа индиректна порака до граѓаните дека може да градат на диво без да имаат градежна дозвола и дека во некој момент ќе им бидат овозможени услови да ги легализираат своите дивоградби.

Реагираа и граѓанските здруженија. Можете слободно да ја погребате надежта за правна држава на овие простори, велат од О2 иницијативата.

„Од хациенди, базени, доградби, надградби, гаражи, остави, во заштитени подрачја и вон нив, насекаде, онаму каде првиот закон застана, на 3 март 2011, сега сè ќе се легализира со новиов закон каде рокот е кога ќе стапи на сила. Значи има уште време да си доизградите на диво пред да поднесете барање да ви се легализира. Ова на предлог на ВМРО-ДПМНЕ се додаде и се усвои, инаку ќе беше за дивоградби изградени до 1.10.2019 година.

Со овој закон се запираат сите постапки за уривање на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. Да, тоа значи и ако има кривични пријави, и тие се стопираат. Пратениците од Комисијата за транспорт, врски и екологија, со исклучок на претеничката на ДОМ, само пред неколку дена усвоија и измена со која законов нема рок на важење од 7 години, туку ќе важи додека сите постапки не се завршат, колку и тоа долго да трае. Истовремено и на стариот закон, чија важност истече на 3.3.2021, му го тргнаа рокот на важење, па и тој е на сила до недоглед. Инаку законов ниту беше ставен на ЕНЕР, ниту виде јавни расправи, ниту стручни мислења, ништо. Под превез на демократија си поминува некакво криминално-клиентелистичко-феудално општество. Закопајте ја секоја надеж дека има шанса за правна држава“, реагираа на оваа собраниска одлука О2 иницијативата.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе