Во Македонија стигнаа уште 149 Авганистанци, ќе имаат привремен престој

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан, главно стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства. 

Авганистанските граѓани, како што соопшти Владата, ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Како и со претходните групи, по слетувањето на скопскиот аеродром, доцна синоќа била спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

Црвениот крст им поделил хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во земјава, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки. 

До сега во Македонија се пристигнати вкупно 450 граѓани на Авганистан за кои институциите прават сé да се чувствуваат безбедно, обезбедувајќи им ја целата потребна поддршка и помош во текот на нивниот привремен престој во земјава.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе