Во Македонија пристигнаа уште 131 авганистански граѓанин

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и за кои земјава обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава, соопшти владината прес-служба.

Македонија со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт. 

По слетувањето на скопскиот аеродром била спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Авганистанските граѓани ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан на кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Македонија, пак, досега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе