Локални избори

Во Куманово втор круг за градоначалник, во Советот СДСМ со најмногу советници

Во Куманово по првиот круг од локалните избори за градоначалник води независниот кандидат Максим Димитриевски со 15.151 гласа, пред Оливер Илиевски од СДСМ со 15.098 гласа.

Максим Димитриевски како независен кандоидат на За наше Куманово освои 32,82 отсто од излезените гласачи, Оливер Илиевски - 32,71 %, Тони Михајловски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ - 8.567 или 18,56 %, Беким Салиу од Алијанса за Албанците - 4.254 гласа или 9.21 % и  Теодора Димитровска 1.026 гласа или 2,22 %.

Оливер Илиевски

Битката за советници во Советот на Општина Куманово заврши. Граѓаните на Куманово гласаа за 13 советнички листи за 33 советника. Според ДИК најголем број на гласови освои листата на СДСМ  со 11.688 гласа или 25,32%, потоа независната листа на Ивана Ѓорѓиевска - 10.258 или 22,22% и трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.794 или 19.05%. Потоа следуваат ДУИ - 5.054 или 10.95%, АА/А - 2.553 - 5.53%, Левица -2.200 - 4,38%, Беса -1.231 - 2,67%, ЛДП-ДОМ со 1012 или 2,19%, ГИ-Сузана Ѓорѓевиќ - 692 - 1.50%, ГИ-Милош Стаменковиќ- 577 - 1.25%, Интегра -197 или 0,43%, ЕМ- 190 или 0,41% и ДПА- 299-0,65%.

За освојување на едно советничко место потребни се околу 1.200 гласа.

Распоредот на силите во новиот Совет ќе биде 10 за СДСМ, 8 независна листа „За наше Куманово“, ВМРО-ДПМНЕ - 7, ДУИ - 4 , АА/А -2 и Левица и Беса по 1 советник.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе