Во Куманово протестот пред полициската станица заврши, градоначалникот Дамјановски бил само повикан на разговор

Градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот на општина Куманово Максим Димитриевски, попладнево биле повикани во полициската станица Куманово, откако службено возило на општината било управувано од неовластено лице, а во него било пронајдено пропаганден матерјал на една партија.

„Едно лице од помошниот персонал го зеде возилото да го однесе во пералница, бидејќи беше излепено со самолепливи плакати на министерката Гордана Јанкуловска. На 200 метри од зградата на комитетот, возилото било сопрено од полицијата и е пронајден само документ со препораки за работата на месните штабови и како да постапуваат посматрачите на изборите, согласно законот. Возилото и возачот било упатено во полициската станица. Бидејќи возилото е под моја одговорност јас бев повикан на информативен разговор. Дадов изјава за документот што беше најден во возилото. Без налог беше извршен претрес на возилото иако во него немаше никаков пропаганден матерјал. Ова само покажува како се однесува МВР кон електоратот и граѓаните во изборниот процес“, ја пренесува изјавата на градоначалникот Зоран Дамјановски порталот Кумановоњуз.

Началникот на СВР Куманово во телефонскиот разговор за порталот изјави дека не се работи за приведување на функционерите на политичката партија, туку за рутинска контрола на службено возило на општината, кое немало службен налог за управување, а лицето не било ни вработено во општината.

Проверката на возилото се случила околу 18 часот во центарот на градот, по што членови на партијата се собраа пред полициската станица и протестираа. Околу 19 часот тие излегоа од станицата, по што активистите си заминаа.

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе