Во Кочани советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ брзо и лесно се испазарија за вработувањата, независните реагираат

Вчера, сабота, во 7 часот наутро советниците на Општина Кочани ја одржаа 14-та седница на Советот и брзо се договориле околу поделбата на нови работни места. На ова реагираше советникот од независната советничка листа Венко Крстевски, кој најави можно повлекување од Советот на Општина Кочани.

Еве дел од реакцијата на неговиот фејсбук-профил:

„По завршување на14-та седница сакам да известам дека размислувам за повлекување од позицијата советник на Општина Кочани. Со пазарот на релација ВМРО-ДПМНЕ и структури од СДСМ сериозно е нарушен ОПШТЕСТВЕНИОТ ИНТЕРЕС за сметка на ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА и е нанесена голема штета на буџетот на Општина Кочани и кочанчани. Јавноста треба да знае дека дел од СДСМ  (со претходен меѓусебен договор) аминуваше осум партиски вработувања во локалната самоуправа, даде „зелено светло” за планот за вработување во СОУ „Љупчо Сантов” и неколку други точки. За сметка на тоа ВМРО-ДПМНЕ се „раздолжија” со неколку решенија за вработување на нивни членови во образование. Следните денови заедно со дечките од нашата листа ќе разговараме за понатамошното делување“, напиша Венко Крстевски.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе