На денот на локалните избори

Во канцелариите на Народниот правобранител отворени телефонски линии за повреда на избирачкото право

В недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори 2017, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, од 7.00 до 19.00 часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во Канцеларијата во Скопје на 02 3129-327 и 3129-367, во Битола на 047 242-310, во Кичево на 045 228-586, во Куманово на 031 431-488, во Струмица на 034 329-996, во Тетово на 044 344-082 и во Штип на 032 389-701.

Народниот правобранител Иџет Мемети во денешното соопштение ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Истовремено, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права. 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе