Во јуни прва пленарна седница на Меѓународната група на експерти меѓу Македонија и Грција

Иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни годинава, се вели во заедничката изјава на државниот секретар во македонското МНР, Виктор Димовски, и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, Јоанис Брахос.

Во заедничката изјава на Димовски и Брахос по средбата во Солун, како што соопшти МНР, стои дека во тој контекст биле потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои се поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа. 

„Ваквиот цврст чекор кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на Преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост”, се додава во заедничката изјава на Димовски и Брахос.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе