Во Хрватска рекорден број заразени, најавено заострување на мерките

Во изминатите 24 часа во Хрватска е регистриран рекорден број на заразени со коронавирус - 116.

Фото: ЕПА

Како што беше најавено, поради тоа ќе бидат воведени нови мерки.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денес по средбата во владата најави заострување на мерките за заштита од коронавирусот на границите, како резултат на „полошата епидемиолошка состојба во соседните земји“.

Берош им рече на новинарите дека владата разгледува голем број мерки за заштита од коронавирусот.

„Ќе воведеме построги критериуми за влез во Хрватска, тоа ќе биде или 14-дневна самоизолација или пократка самоизолација со задолжително тестирање“, рече Берош.

Тој додаде дека тоа нема да важи за Хрватите од БиХ, поради одлуките на ЕУ што стапија во сила на 1 јули.

Тој рече дека ќе препорачаат носење маски во некои дејности, како што се угостителството и трговијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе