Нешто ново

Во Грција има и „птоломејски Македонци“ кои се против Договорот од Преспа, за нив нема Македонци, нема македонски јазик...

Во последно време во Грција секој поголем собир, трибина, дебата за Договорот од Преспа е проследен со протести и летоци на т.н. птоломејски Македонци. Според летоците што неодамна ги разделуваа членовите на ова здружение во Костур, тие се против договорот Коѕијас-Димитров и против името Република Северна Македонија.

Птоломејските Македонци сметаат дека нема Македонци, македонска нација, македонски јазик... За нив потписот на Договорот од Преспа од страна на грчките политичари е велепредавство.

Птоломејските Македонци во својот пропаганден материјал велат дека Врховниот суд на Грција веќе два пати решил дека македонскиот јазик не постои и за нив ниту еден меѓународен договор не е валиден без потпис на грчкиот претседател. Според грчкиот Устав, сметаат т.н. птоломејски Македонци, грчкиот претседател е единствената личност која го има правото да потпишува такви договори. Во спротивно, грчкиот народ е тој кој на референдум треба да одлучи дали е за или против Договорот од Преспа. Ние и натаму ќе го оневозможуваме одржувањето на кој било настан на кој ќе се разговара за преспанскиот договор“, се вели во летокот на птоломејските Македонци.

Тие неодамна се обидоа да прекинат трибина на која се разговараше за Договорот од Преспа во Костур.

„Македонија не е на продажба. Македонија не може да биде поделена. Македонија припаѓа на Грција“, велат птоломејските Македонци.

Тие сметаат дека се потомци на Птоломеј (367 - 283 п.н.е.), македонски генерал во војската на Александар Македонски. Тој бил роден во Кајлари, село помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен, Егејска Македонија.

Ова здружение смета дека е натпартиско, дека ги обединува чувствата на сите Грци и се подготвени да сведочат дека Македонија е „една и грчка“.

А.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе