За време на прославата за поканата во НАТО

Во Градски парк имаше и граѓани кои протестираа против членството во НАТО (ФОТО)

Вечерва во Градскиот парк во Скопје за време на владината прослава за поканата за Македонија за членство во НАТО група граѓани протестираа против. Тие за време на прославата во Градскиот парк држеа напис „НАТО = Војни, Крв, Солзи, Смрт“.

 Партијата Левица на нивниот Фејсбук профил објавија дека нивна активистка била физички нападната од двајца непознати машки особи, најверојатно членови на една владејачка партија.

„Но, симптоматично е тоа што најблискиот полицаец од присутните униформирани екипи, кои го обезбедуваа настанот во Градскиот парк, ОДБИ да состави записник за инцидентот, и покрај уредната пријава на девојката“, информираат од Левица и додаваат дека нивни членови со адвокат веќе се упатени кон полициската станица „Беко“, каде случајот ќе биде пријавен.

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе