Ново партнерство

Во Гостивар почна да функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари од Алијансата за Албанците во општинскиот Совет ја презеде контролата од СДСМ и ДУИ.

Нов претседател на Советот на општина Гостивар е Бесим Мемеди од АА. Тој беше избран на вчерашната седница на Советот откако досегашниот претседавач Насир Муслиу од ДУИ поднесе оставка. Со промената беше промовирно и новото мнозинство кое се создаде околу Алијансата за Албанците.

Клучниот глас за промена на мнозинството што доскоро го предводеа ДУИ и СДСМ дојде од советникот Кашмир Салиу од Демократскиот сојуз на Ромите.

За изборот на новиот претседавач Мемеди, гласаа советниците од Алијансата, ВМРО-ДПМНЕ, двајцата советници од НДП беа воздржани, а советниците од ДУИ и СДСМ беа против. Со ваквиот распоред на силите Советот има мнозинство кое го предводи партијата на градоначалникот Арбен Таравари, Алијанса на Албанците.

По промената на силите во Советот на oпштина Гостивар, се огласи гостиварскиот огранок на ДУИ.

„Заврши скоро двегодишниото жалење на Арбен Таравари за наводна опструкција од страна на мнозинството во општинскиот Совет. Претседателот Насир Муслиу поднесе оставка, отворајќи пат за избор на нов претседател, кој беше изгласан со помош на ВМРО-ДПМНЕ и советникот Ром, кој беше во коалиција со оваа партија, на последните локални избори. Ова назначување, за жал не беше донесено со волја на мнозинството албански советници и изборот на албанските граѓани на последните локални избори. Отсега Таравари нема простор  за жалење, изговори и манипулација со јавното мислење. ДУИ ќе продолжи да ја разоткрива и  осудува политиката на локалната самоуправа во Гостивар и во иднина“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе