Рамноправност во вработувањето

Во Гевгелија, Богданци и Прилеп конкурсите за наставници траат за време на викенд, Левица бара вонреден инспекциски надзор

Деновиве неколку основни и средни училишта на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Прилеп распишаа конкурси за вработување на професори, наставници, предавачи, одделенски наставници, библиотекари... Најголемиот дел од нив беа распишани на 20 ноември (петок), со краен рок 22 ноември (недела). Еден работен ден.

По реакциите по социјалните мрежи, конкурсите веднаш беа сменети и распишани во минималниот законски рок од три работни дена, до вчера, 24 ноември. Нашето барање за коментар од  Министерството за образование остана неодговорено.

По реакциите, нов рок

И кој сега може да поверува дека сите овие, повеќе од десетина новоотворени работни места не се веќе наместени за сопартијци, сонародници, содружници, а можеби и сопружници. И во Прилеп, истиот ден, 20 ноември, се појавува конкурс за наставник по економска географија со истиот рок – 22 ноември. Некој „случајно“ ги меша законскиот рок од три работни дена со рок од три дена (петок, сабота и недела). 

Од Левица сметаат дека тука станува збор за очигледна партизацијата на јавните служби.

„Секоја промена на власта донесува нови партиски послушници на работни позиции кои честопати се креирани само за исполнување на партиски долг кон нив, што доведува до ново пустошење на буџетската каса, ново нанесување неправда на граѓаните на Македонија кои не можат да добијат квалитетни и навремени услуги од така изобличениот и оптоварен систем.

Трудовиот сектор на Левица го истражи случајот во Прилеп и дојде до информации дека вакви има повеќе десетици случаеви. Поради ова до Државниот инспекторат за труд, поднесовме 61 барање за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со кршење на чл. 23 ст.1 а. 6 од Законот за работни односи. Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови“, соопшти Левица.

А.Д.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе