Претседателски избори 2019

Во Европа нема со амнестирани криминалци, порача Мицкоски од Центар Жупа и од Ростуше

Во рамките на предизборната кампања за претседателските избори, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбите со жители на Центар Жупа и Ростуше порача дека „најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните во овие население места е токму иселувањето на луѓето, кои си заминуваат поради безперспективноста”.

Според Мицкоски, тука не минуваат приказните на Зоран Заев и Стево Пендаровски за некаква си розева слика и реалност и европската иднина која цело време ја ветуваат, но никако не може да ја донесат. 

„Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата”, рече тој.

Мицкоски уште додаде дека „овие луѓе живеат жално секојдневие, а уште пожална е нивната иднина со Заев и СДСМ на власт”.

Државата, како што кажа пред жителите на двете места, пропаѓа и се уназадува на секое поле, младите масовно се иселуваат, а „на овие црнила  мора да им се стави крај”.

„Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа”, рече Мицкоски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе