Мониторинг извештај

Во Државното правобранителство недостигаат вработени, пополнети се само 62 отсто од работните места

Заштита на имотните интереси на државата во судските постапки, постапките за приватизација на градежно земјиште, денационализација, експропријација преку приказ на предметите кои се заведени и решени пред надлежните судови се дел од четвртиот Мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство за периодот јануари-јуни 2020.

Во извештајот се содржани информации во однос на ефективноста и транспарентноста во работата на овој орган и наведено е дека според информации од Основниот граѓански суд Скопје, за период од 1.12.2019 година до 25.5.2020 година, евидентирани се вкупно 802 предмети во кои, како застапник по закон се јавува ДПРСМ. Се работи за имотни, семејни и спорови од мала вредност и тоа од вкупно 62 предмети во работа се 59, потоа трговски спорови при што од вкупно 29 предмети во работа се исто толкав број, работни спорови од вкупно 681 предмет во работа се 326 предмети и од вкупно 30 предмети за вонпарнични спорови во работа се 27 предмети.

Како што пишува во извештајот, во континуитет е присутен проблемот со кој се соочува ДПРСМ во поглед на намалени човечки ресурси.

„И покрај усвоената информација од Владата за потребата за зголемување на бројот на државните правобранители, сè уште не се објавени огласи за вработување на државни правобранители“, стои во извештајот.

Недоволната кадровска екипираност беше нотирана и во ревизорскиот извештај, изготвен од Државниот завод за ревизија, каде, од вкупниот број систематизирани работни места, пополнети се само 62 отсто од истите. Поради недостиг на вработени, ДПРСМ минатата година ангажирало 17 лица по основ на договор за дело за вршење работи и работни задачи систематизирани со Правилникот за систематизација на работните места во ДПРСМ.

Како пречка во функционирањето се наведува комплексната законска постапка во изготвувањето и одобрувањето на правните акти на ДП во одредени постапки во кои законските рокови за постапување се кратки, како и во одредени случаи на некоординираност на државните органи со ДП. Ова особено се однесува на случаите во кои ДП треба да побара согласност од државен орган за преземање дејствија согласно со член 16 од Законот за Државно правобранителство.

И понатаму се констатира потреба од воведување електронски систем, сличен на АКМИС-от што функционира во судовите, кој би овозможил постоење на детална статистика, прегледен и брз увид во секоја фаза во која се наоѓаат предметите, а би постоело и меѓусебно вмрежување со останатите правобранителства, како и со ДП за подрачјето на Скопје. На овој начин правобранителствата ќе имаат увид во предметите што ги застапуваат, како и во предметите кои со генерално овластување се застапувани од државните органи.

Извештајот е подготвен во рамките на  проектот „Заедно во борба против корупција”  кој го спроведуваат СКУП, Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, како партнери, со цел подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на улогата на контролори на работата на државните органи.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе