Синоќа истече рокот

Во ДИК се пријавиле 415 гласачи во изолација

Регистрацијата на гласачи кои се во изолација заврши синоќа на полноќ и според податоците на Државната изборна комисија за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле вкупно 415 лица. По општини, најмногу пријавени има во Тетово-46 гласачи.

Во Скопје се пријавени вкупно 130 гласачи, а по општини најмногу има од Гази Баба-31, во Бутел и Аеродром има по 18 гласачи, Кисела Вода-13, во Центар и Карпош по 11, Гази Баба-31, Шуто Оризари-5, Сарај-6, Чаир-8 и Ѓорче Петров-9.

Пријавените гласачи треба да гласаат на 13 јули.

Инаку, во изолација и самоизолација се вкупно околу 5.000 лица.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе