Локални избори

Во Дебар слави Беким Поцеста, кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Кандидатот за градоначалник на Дебар од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Беким Поцеста е победник во првиот круг на локалните избори. Според се уште неконечните резултати, Поцеста освоил 3.999 гласa, кандидатот на ДУИ поддржан од СДСМ Хекуран Дука 3.707, додека третиот кандидат Петрит Клења од ДПА, десет гласa.

Беким Поцеста е роден во Дебар 1968 година, оженет е и  татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет, по што специјализирал кардиологија. Моментно е на постдипломски студии, работи во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор.

Во изминатите четири циклуси локални избори победуваа кандидатите за градоначалници од ДУИ, а освојуваше и најголем број советнички места, поради што Дебар се сметаше за бастион на оваа партија.

За 15-члениот општински совет имаше пет листи и тоа од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса и со заедничка листа настапија Алијанса за Албанците-Алтернтива.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе