ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Во Дебар шест, во Центар Жупа двајца, во Маврово Ростуше тројца кандидати за градоначалници

Во општинските изборни комисии во Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше за претстојните локални избори поднесени се 11 кандидатури за градоначалници.

Според Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија на Дебар во трка за градоначалничката функција ќе бидат актуелниот градоначалник Ружди Љата од ДУИ, Драган Клочевски од ВМРО- ДПМНЕ, Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, Џемаил Чупи од Движењето „Беса“, Шкелќим Џафа од „Унитети“ и Петрит Клења од ДПА.

Овие политички субјекти на изборите имаат кандидатски листи за 15 членови на Општински совет. Коалицијата предвоена од СДСМ на изборите ќе има само кандидатска листа за советнци.

„Во општина Центар Жупа за градоначалник има две кандидатури, актулениот градоначалник Аријан Ибраим, предложен од Демократската партија на Турците во Македонија и Неваип Исмаил од коалицијата „За избори 2017“ предводена од СДСМ. Освен овие политички субјекти за 11-члениот општински совет кандидатски листи имаат доставено и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Партија за национално движење на Турците во Македонија, изјави Еран Зубер претседател на ОИК на Центар Жупа.

До ОИК на Маврово Ростуше, кандидатури за градоначалници доставиле ВМРО-ДПМНЕ, Алим Билали, СДСМ, Медат Куртоски, додека независен кандидат е Нахир Гале.

МИА

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе