Балкански феномени

Во бугарското село Бело Поле има 650 жители и 10.064 гласачи, главно Македонци со бугарски пасош

Бело Поле, бугарско село на 5 километри од Благоевград има 650 жители, а таму се регистрирани 10.000 гласачи. И покрај тоа на последните претседателски избори во 2017 година тука бугарските власти отвориле само едно избирачко место. Знаат дека во Бело Поле на гласање излегуваат околу 300 гласачи. Сите други се Македонци со бугарски пасош и адреса некаде во Бело Поле.

Според бугарските медиуми последната бројка за бројот на регистрирани гласачи е 10.064, а тоа значи дека треба да се отворат 10 избирачки места. Но, веќе неколку изборни циклуси тука се отвора само едно избирачко место.

Во ова бугарско село свои адреси имаат повеќе од 9.000 македонски граѓани со бугарски пасош. За посредниците за пасошите најлесно било да ја изманипулираат бугарската држава со адреси во Бело Поле.

Бугарските медиуми ги споредуваат бројките на жителите во Македонска Каменица (околу 8.000) со бројот на гласачи во благоевградското село Бело Поле.

Делчо Гошев, во Делчево познат како „Делчо Транс“ 16 години помага за посредување на бугарско државјанство и добивање бугарски пасош. Тој за Поглед.мк вели дека според неговите сознанија во Благоевград има сигурно повеќе од 30. 000 регистрирани Македонци.

„Во Благоевград сум сигурен дека има над 30.000 регистрирани Македонци. Во село Бело Поле има над 9.000, а по неколку илјади има и во селата Логодаш, Рилци, Лешко Покровник и во неколку други села“, вели Гошев.

Тој вели дека покрај младите од 18-30 годишна возраст, бугарски пасош земаат и постарите луѓе кои заминуваат во странство, гледајќи да заработат некој денар повеќе со кој ќе може да го прехранат своето семејство.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе