Во Бугарија расте рејтингот на ултранационалистичката партија Преродба која бара анектирање на Македонија

Со 12,5 отсто поддршка од гласачите, бугарската политичка партија Преродба станува трета политичка сила во земјата пред претстојните парламентарни избори закажани за 2 октомври. Во програмата на Преродба пишува дека Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров.

Последното истражување на бугарската агенција Медиана покажува дека после ГЕРБ и Продолжуваме со промените, партијата Преродба на Костадин Костадинов е на трето место со 12,5 отсто поддршка на бугарските гласачи. Рејтингот на оваа партија последниов месец покажува постојан раст.    

Во програмата на ултранационалистичката партија Преродба пишува: „Клучно е прашањето за односите со Македонија. Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа.

Целосна економска, културна и политичка интеграција со Македонија, до целосна интеграција на двете бугарски држави.

Крајната цел на нашата надворешна политика е целосно обединување со Македонија и обновување и одржување на целосната државна независност на обединета Бугарија“.

Костадинов, претседателот на Преродба, неодамна на својот фејсбук-профил се пофали дека илегално влегол во Македонија барајќи го тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.

„Успеав да остварам еден стар сон: се искачив на врвот Тумба, најјугозападната точка на Бугарија (засега), каде што се спојуваат границите на двете бугарски држави (Бугарија и Македонија) и Грција. Ме чинеше 15 часа талкање во шумите на Беласица, каде што се изгубивме, долго пешачење по сртот на планината, каде што не разбравме како ја поминавме границата и се искачивме на висок врв, за кој мислевме дека е Тумба, а се испостави дека е во непосредна близина, но во Македонија, па моравме да се вратиме...“, напиша Костадинов.

A.Д.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе