Разрешен претседателот на бугарскиот Парламент

Во Бугарија има ново парламентарно мнозинство, Петков најавува нови избори

Со 125 гласови „за“, 113 „против“ и еден воздржан пратениците во бугарскиот парламент го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на Народното собрание, што значи дека партијата на премиерот Кирил Петков го загуби мнозинството.

Минчев пред гласањето рече дека Бугарија ќе продолжи да биде на првото место.

„Влегов во храмот на бугарската државност и уште поголема чест ми е што ме направивте прв меѓу еднаквите. Нема да застанам и покрај тоа што се бара моја оставка. Вистинската причина за барањето моја оставка е иста како и причината заради која следната недела ќе се гласа за недоверба на владата. Во пленарната сала има ново мнозинство“, рече Минчев од говорницата.

Според него, новоформираното мнозинство во кое се опозициските ГЕРБ, ДПС, Преродба и доскорешниот коалициски партнер Има таков народ, не само што нема да донесе промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.

„Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да збришат сега сакаат мене да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов ја“, изјави Минчев.

Пратениците од Промената продолжува по смената на Минчев најавија предвремени парламентарни избори.

Премиерот Кирил Петков од говорницата му се заблагодари на Минчев за професионалното водење на Собранието.

– Тој е жртва на една нова коалиција која сега се формира од ГЕРБ, ДПС, Преродба и ИТН и кои гласаат против него и покрај неговата професионални кабинети. Но, сакам да ве успокојам. Кога ја почнавме работата во владата, ги осветливме големите шеми со Бугарската банка за развој, по победата на изборите имавме коалициски партнери од кои многи зависиме. Но патот е тој, промената доаѓа и чекор по чекор Бугарија ќе биде променета. Преродба вее знамиња, а ДПС зборува за правата на сите Бугари и решија да се соединат. Сите се тука за политички игри, нема морал, но добрата вест е што ова го видоа сите Бугари“, рече Петков.

Според него, сите што гласаа против Минчев јасно ставија до знаење дека не им е грижа за оваа држава, тоа се маркетиншки фирми што лажат…

„Ние не се плашиме од избори, бидејќи луѓето што гледаат во моментов можат да имаат јасна претстава за тоа што се случува“, рече Петков.

Претходно, денеска БГНЕС објави дека Петков на своите најблиски соработници им кажал дека во Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и им објаснил како ќе се случи тоа.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе