Бугарското МНР соопшти дека Стоев изразил искрено сочувство до роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите.
„Бугарскиот министер за надворешни работи го увери својот колега од Република Северна Македонија дека нашата земја ќе обезбеди целосна помош во истрагата на сообраќајната несреќа, како и во пружањето помош на настраданите во несреќата. Двајцата се договориле да се сретнат во болницата Пирогов каде се сместени повредените во сообраќајката“, се вели во соопштението од МНР на Бугарија.