Целта е да ги зближи двата народа

Во Благоевград отворен македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров" во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот.

На отворањето присуствуваа генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.

Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе