Вчера пред владината седница

Во Битола Заев и министрите пречекани со протест

Вчера попладне, пред почетокот на владината седница во општинската зграда во Битола, група битолчани протестираа со написи против промената на името и против загадувањето на воздухот во градот.

Пристигнувањето на министрите и на премиерот во општиската зграда беше проследено со скандирање против некои владини решенија, јави ТВ Тера.

Премиерот Заев беше прашан за коментар за овие протести.

„Веројатно се од групата која има три проблеми со срцето, душата и петите. Им се кине срцето на некои луѓе зашто ќе добиеме датум за почеток на преговори после 15 години, ги боли душата затоа што сме веќе членка на НАТО, неколку месеци се во прашање, и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарио и лаги и вака да регираат. Мое останува да ги повикам, ова е заеднички успех на сите, следуваат убави денови за нашата земја, на правиот пат сме“, изјави Заев.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе