Локални избори

Во Битола втор круг, СДСМ се надева на поддршката на Милевски

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, е во водство (42,83% освоени гласови) опред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски (39,23%). На трето место е кандидатот на ЛДП/ДОМ Горан Милевски кој освои 7,32 отсто од излезените гласачи во Битола.

„Битола ја препозна програмата и вистински квалитет наспроти неработење и безидејност. Битолчани се одважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесните игри и обидите за поткуп од страна на власта. Битолчани кажаа НЕ. Победуваме насекаде – истакна Пеце Милевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМЕ во Битола.

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ синоќа изјави дека ја очекуваат поддршката од Горан Милевски, претседателот на ЛДП и довчерашен коалициски партнер на социјаледемократите, за пресврт во вториот круг.

За време на јавните настапи на Горан Милевски и на сите кандидати на коалицијата ЛДП/ДОМ Одлучно за промени јасно беше назначено нивното незадоволство од работата на владината коалиција.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе